„Бугарите критикуваат, но имаат предуслови за Северна Македонија. Дали некој ги обвини Бугарите? Не, секако не. Ова се двојни стандарди“, рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи зборуваше и за ситуацијата со Србија и нејзиниот европски пат.
Европската комисија пред многу години му предложи на Европскиот совет да го отвори следниот сет поглавја со Србија со цел да се продолжат преговорите за пристапување. И што се случи? Некои земји-членки не се согласија и одлуката не беше усвоена.
Дали некој ги обвини тогаш за кршење на европското единство? Секако дека не. Грција ги блокираше преговорите за пристапување со Северна Македонија речиси една деценија. Дали некој ги обвини Грците за кршење на европското единство? Не.
Сега Бугарите критикуваат, имаат некои предуслови. Дали некој ги обвини Бугарите? Не. Ова се двојни стандарди, изјави Сијарто за Радио Телевизија Србија.