Сиљановска Давкова денес и утре ќе учествува на конференција за обнова на Украина во Берлин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денес и утре во Берлин, Сојузна Република Германија ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина.

На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија.

Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.