,,Си заминав од Ѕвездите на Гранд затоа што на учесниците им земаа пари!” Аца Лукас обвинува Саша Поповиќ се брани: Лажат, нека кажат кој ги зел парите!?
Прашината што се крена откако Ната Вукадиновиќ, мајка на Душан Вукадиновиќ од Подгорица – натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, ја обвини неговата менторка Снежана Ѓуришиќ дека и’ бара пари за да помине во четвртиот круг, со денови не стивнува.
За овој скандал на социјалните мрежи проговори и Аца Лукас, кој тврди дека го напуштил натпреварот затоа што некои членови на жирито земале мито од кандидати за да се пласираат во следниот круг. Во оваа прилика ја контактиравме пејачката, која е убедена дека во сè е вмешан поранешниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ.
– Сигурен сум дека тоа го има во „Ѕвездите на Гранд“ и затоа го напуштив жирито. Немам конкретни докази дека сум видел како некој зема пари од учесниците, но сигурен сум дека постојат и знам некои примери. Гледате дека е сосема лудо тоа што се случува таму. Тоа е лудило на мозокот. Нема да именувам никого. Некои ментори земаат пари. Погодете кои се? Тие што им скокаат во прегратка кога ќе победат нивните кандидати – вели Лукас и додава:
– Имаше страшни навестувања дека тоа се прави. Бев чист! Да ми понудеше некој пари, ќе го претепав. Тоа е доказ за ситни души на сцената. Ако не можете да заработите пари со работа, туку од лековерни родители кои мислат дека ќе станат мултимилионери ако нивните деца поминат во следниот круг… Лудост е. Кој ги памети победниците на „Ѕвездите на Гранд“ во последните десет години?! До моментот кога имаше смисла, јас бев таму. Сега не сум член од жирито, не сум земал од никој ништо, совестта ми е чиста и баш ми е гајле – додаде Лука.
Зборовите на Лукас ги потврди и неговиот менаџер Саша Мирковиќ кој тоа го објави на Инстаграм.
Медиумите побараа и коментар од Саша Поповиќ а тој, сето ова го негираше.
– Лукас нека каже име и презиме на тој што ги земал парите и кога. Тоа е таков идиотизам. Лукас лаже! Ова не е вистина! Па зошто бил шест години во жирито, зошто седел ако знае дека некој земал пари?! Ова се измислени приказни. Нека каже кој платил, да видиме. Ако некој платил, некој морал да ги земе парите. Карлеуша беше, Бекута, Марија, јас, кој?! Ве молам, ова се измислици – тврди Саша Поповиќ.
Одговор стигна и од неговиот ПР оддел:
– Аца Лукас ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ во договор со својот тогашен менаџер, исклучиво поради неговите лични интереси. Лага е дека некогаш си заминал поради проблеми во нашата емисија, лага е дека некогаш се скарал со мене, лага е дека „Ѕвездите на Гранд” е натпревар на кој секој земал пари од натпреварувачите. Сето тоа многу добро го знае, само што уште еднаш за свои лични интереси ја кажува лагата.