Си и Путин застанаа еден покрај друг и рекоа: Ќе го браниме… ВИДЕО

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа во Кремљ, објави РИА Новости.

Путин му се заблагодари на Си за неговиот престој во Русија и изрази подготвеност да ја посети Кина во блиска иднина.

Кинескиот претседател рече дека Кина ќе застане со Русија во спротивставувањето на „хегемонистичкото малтретирање“.

„Соочена со меѓународниот тренд кон унилатерализам и хегемонистичко малтретирање , Кина ќе соработува со Русија за да ги преземе посебните одговорности на големите светски сили “, му рече Си на рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од нивната средба во Кремљ.

„ Политичката меѓусебна доверба меѓу Кина и Русија се продлабочува , а врските за прагматична соработка стануваат посилни“, додаде кинескиот претседател.

Путин го увери дека Русија и Кина ги развиваат своите врски „во интерес на народите на двете земји, а не против никого “ .

„Нашите односи се засноваат на рамноправност и се заемно корисни“, додаде тој. 

Путин рече дека Русија и Кина имаат намера заеднички да ја бранат „историската вистина“ за Втората светска војна.

„ Заедно со нашите кинески пријатели, цврсто ја браниме историската вистина, го заштитуваме сеќавањето на настаните од воените години и се бориме против современите манифестации на неонацизам и милитаризам“, рече тој.

Си Џинпинг утре треба да присуствува на голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва., во спомен на победата во 1945 година, заедно со Владимир Путин, се очекува и кинески војници да учествуваат на парадата.