ЈА УБИЛ ДЕВОЈКА СИ ВО БОГОТА, ЈА ФРЛИЛ ВО КОНТЕЈНЕР, ПОТОА ЗАМИНАЛ ВО ЦРНА ГОРА: Телото на познатата диџејка го пронашол бездомник, затекнал грозоморна сцена!

Телото на Валентина (21) пронајдено во Богота, бездомник пронајдел грозоморна сцена

Разведен татко на три деца стана „популарен“ на социјалните мрежи откако Твитер додаде предупредување на неговата објава за одење на одмор со својата девојка велејќи дека тој е обвинетиот за убиство на истата девојка. На Џон Пулес (35) му се заканува 35 години затвор за убиството на 21-годишната Валентина Треспалакиос, чии останки ги наполнил во куфер, а потоа ги фрлил во контејнер во Богота, пишува Дејли Мејл.

Во декември, Пулеус одговори на објавата на Твитер во која се бара од корисниците да го споделат својот „најлуд прв состанок“ со објавување на селфи од Валентина каде изгледаат заљубено.

– Поканив Колумбијка на одмор без претходно да ја запознаам, а сега ќе се венчаме – напиша тој.

Нешто повеќе од еден месец подоцна, бездомник го пронашол нејзиното тело во фрлен куфер. Вчера, Твитер додаде белешка на објавата на Џон во која се вели дека корисникот кој го објавил твитот е обвинет за убиство на дотичната жена со линк до текст во кој се објаснува сето тоа.

Обвинетиот е во брак со Ешли од 2009 година, со која имал три деца, меѓу кои и син на кој му бил дијагностициран рак кога имал четири години. Во 2021 година, Ешли поднесе барање за развод и рече дека нивната врска била насилна. Пред да заврши постапката, Џон ги префрлил сите нивни брачни средства во фонд во странство, оставајќи го семејството без ништо.

Ешли тврди дека Џон потоа ги напуштил САД и живеел во Кипар, Турција, а потоа и во Украина. Таа додаде дека тој не ги видел децата откако се преселил во 2021 година. Во одреден момент ја запознал Валентина, позната диџејка, преку апликација за запознавање и ја замолил да оди на пат со него наместо на прв состанок. Пред свршувачката беа во врска речиси една година, а наскоро планирале и свадба. Еден од пријателите на Валентина тврди дека Џон и се налутил на девојката бидејќи таа одбила да ја објави нивната врска на нејзините социјални мрежи.

На 22 јануари воделе љубов во заедничкиот стан во Богота, по што Пулеус наводно ја претепал девојката и ја задавил до смрт. Надзорната камера во близина на станот го снимила како турка количка од супермаркет со патни торби, вклучително и една во која се наоѓало телото на Валентина, кое било покриено со ќебе бидејќи нејзината глава излегувала од куферот.

Друга камера го фатила како се обидува да го стави својот багаж во багажникот на изнајмен автомобил. После тоа, Џон возел кон јужната страна на Богота, го оставил куферот во контејнер и се упатил кон аеродромот Ел Дорадо за да избега од земјата.

Истиот ден бездомник го пронашол телото на девојката, па разведениот татко бил уапсен на аеродромот во Панама. Интерпол го запрел неколку минути пред да се качи на летот на Туркиш ерлајнс за Истанбул, од нив купил билет за Црна Гора, која нема договор за екстрадиција со Колумбија. Тој се обидел да ги збуни властите купувајќи уште еден авионски билет од Панама – за Сао Паоло, со што се обидел да ја прекине потерата. Џон подоцна тврдеше дека непостоечкиот картел Меделин стои зад убиството на диџејката и дека тој побегнал од Колумбија бидејќи членовите на картелот се обиделе да го убијат. Властите ќе ја проверат неговата верзија за настаните по што ќе продолжи неговото судење.