Си Џипинг одлучи: Еве кого кинескиот претседател испраќа на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон (ФОТО)
Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, објавија денеска кинеските државни агенции.
Пекинг покажува подготвеност да ги подобри односите со новата американска администрација, пишува Ројтерс.
Хан оди во Вашингтон на покана на американската страна, објави кинеската национална телевизија.
– Подготвени сме да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата со новата американска влада, правилно да управуваме со разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка и заеднички да промовираме стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи – објави CCTV.
Се додава дека Кина секогаш ги набљудувала и развивала кинеско-американските односи во согласност со принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка во корист на сите.
,,Кина е подготвена „да го најде вистинскиот начин Кина и САД да се сложуваат во нова ера“, соопшти CCTV. Трамп на 6 јануари рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг комуницирале преку претставници, изразувајќи оптимизам за нивната врска.