Скамемети и замрзнати! Погледнете ги лицата на руските функционери за време на говорот на Путин – Медведев нервозен, Лавров како восочна кукла (ФОТО)
Рускиот претседател Владимир Путин вчера се обрати пред парламентот на земјата по повод годишнината од почетокот на инвазијата на Украина. Неговата презентација привлече големо внимание и кај руската и кај светската јавност.
На обраќањето присуствуваше врвот на политичкиот и јавниот живот на Русија, а камерите ги снимија лицата на луѓето на Путин додека тој го држеше говорот.
Медиумите најмногу внимание обрнаа на изразот на лицето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров а според корисниците на социјалните мрежи изгледал како повеќе да не му останало ни трошка живот во него.
Видно разочаран, но и нервозен беше и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Зад Медведев седеше намуртениот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Ниту останатите не реагираа подобро на овој „историски говор“, за што сведочат фотографиите.