Скандалозниот коментар на познат италијански лекар откако Ѓоковиќ го освои Торино: Го нарече Новак будала
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на завршниот Мастерс во Торино пред четири дена победувајќи го Јаник Синер од Италија во два сета и со тоа стигна до седмиот трофеј во кариерата.
Со тоа испиша историја, бидејќи официјално го престигна Роџер Федерер, кој остана зад него со шест освоени трофеи на завршниот мастерс.
Сепак, тоа не им се допадна на сите, а очигледно не на угледниот италијански доктор и професор на Универзитетот во Милано, Роберто Буриони, кој имаше скандалозен коментар за Ѓоковиќ.
Причината беше дека на Буриони не му се допадна што Новак не е вакциниран против Ковид-19 и на крајот го нарече „глупав“.
– Факти:
1) Ѓоковиќ е еден од најголемите шампиони на сите времиња, честитки!
2) Вакцината против Ковид е безбедна и ефикасна дури и ако некои идиоти (никој не е исклучен) велат поинаку, па дури и покрај тие идиоти, вакцината спаси милиони животи
3) Напред Синер! – напиша Роберто Буриони и предизвика лавина реакции на социјалната мрежа „Х“.
Дури и Италијанците го осудија коментарот на еминентниот лекар и истакнаа дека тоа што го напишал воопшто не е соодветно и дека апсолутно секој има право на избор.