Скандалозното издание на свршеницата на Безос – има милиони, но нема пари да го смени аутфитот?! Деколтето ги запали мрежите – „ова не е ноќен клуб“
Лорен Санчез (55) вчера се појави на инаугурацијата на Доналд Трамп, во многу вулгарно издание, а уште поскандалозно е што беше во иста комбинација пред неполни 10 дена на еден настан.
Вчера Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави. Додека целиот свет го коментираше изгледот на Меланија и Иванка Трамп, Лорен Санчез успеа да ги „засени“ со изборот на многу чудна комбинација која многумина ја осудија.
Иако на прв поглед беше во елегантен бел капут, кога го соблече сите останаа без зборови – од под палтото ѕиркаше чипкаст брусхалтер.
Бел капут и панталони со широки ногавици се совршени за инаугурацијата на Трамп, но изгледа мораше да внесе доза на провокација со брусхалтер што воопшто не беше прикладен за ваков настан.
Истата комбинација двапати
Она што е интересно е што Лорен ја носеше истата комбинација пред неполни две недели . Имено, таа ја носеше истата оваа комбинација на еден настан во Њујорк, од глава до пети беше ист стајлинг.
Се поставува прашањето дали свршеницата на милијардерот Џеф Безос немала што да облече, па ја носела истата комбинација како и на инаугурацијата.
Социјалните мрежи „подивеа“
Очекувано веднаш почнаа коментарите на социјалната мрежа Х.
– Зошто никој не и кажал дека градникот од тантела во преден план не е прифатлив? – прочитајте еден коментар.
– Свршеница милијардерка, неверојатно си несоодветно облечена за државна церемонија – додал друг.
– Лорен треба да ангажира некој кој ќе ја научи да се облекува како вистинска дама – додаде трета
– Ова не е ноќен клуб. Покажете малку класа и достоинство – напишаа многумина…