Скандалозно издание во Париз! Само ленти над голите гради – Бјанка ја доби конкуренцијата, ннема кој не се сврте
Пејачката Бад Гиал привлече внимание со својот екстравагантен стајлинг на модната недела во Париз.
На модната недела во Париз се појави и шпанската пејачка Bad Gyal каде брендовите презентираат нови колекции.
28-годишната Алба Фарело Соле, која се здоби со популарност во Шпанија од почетокот на кариерата во 2016 година, на ревиите дојде во црни панталони, покривајќи ги градите само со црна лента.
Овој храбар моден избор ја истакна нејзината витка линија, што предизвика бројни реакции, а многумина ја споредија со контроверзната Бјанка Ценсори , сопругата на раперот Канје Вест.

Бад Гиал ја започна својата музичка кариера со преработка на песната „Work“ на каталонски, која брзо го привлече вниманието и и овозможи да стане препознатливо име на шпанската музичка сцена. Нејзиниот уникатен стил освои многу нејзини обожаватели.