СКАНДАЛОЗНО ПРИЗНАНИЕ! Страшна исповед на човек – монструм: “Со оваа рака убив 5-годишно девојче! Знаете ли од кого добив наредба за тоа !?“ (видео)

Руските осуденици, регрутирани од злогласната приватна воена група на Евгениј Пригожин, Вагнер, кои беа испратени во војната во Украина од руските казнени колонии, ги признаваат убиствата на украинските деца во Бахмут и Соледар. 

Двајца од убијците на групата Вагнер дале интервју за Gulagu.net, руска организација и веб-страница за човекови права посветена на борбата против корупцијата и тортурата, а видео-снимката потоа се прошири со голема брзина на социјалните мрежи.

Станува збор за сведочење на двајца поранешни команданти на групата Вагнер, кои биле регрутирани да им се придружат на платениците на военото поле.

Според украинските медиуми, станува збор за Азамат Улдаров, поранешен осуденик кој ја отслужувал својата казна во поправната работничка колонија бр. 13 на руската федерална затворска служба од регионот Саратов – кој бил помилуван со указ на претседателот на РусијаВладимир Путин, на 23. август 2022 година – и Алексеј Савичев, поранешен затвореник во поправната работничка колонија бр. 1 од Воронежската област, кој бил помилуван со указ на рускиот претседател од 2. септември минатата година, двајцата моментално се наоѓаат во Русија.

Тие, како што е наведено, сведочеле во текот на неделата преку видео и аудио врска и откриле во интервју за Владимир Осечкин, основачот на Gulagu.net, детали за пукањето на повеќе од 20 украински деца и тинејџери, минирањето на скривница со повеќе од 50 луѓе, со цел да ги „исчистат“ станбените згради и да ги убијат сите фатени, вклучително и децата.

Еден од членовите на групата признал дека „пукал во глава на 5-годишно девојче“ кога влегле Соледар и Бахмут. „Таа врескаше, таа е мало дете, разбирате. Пукав во глава на 5 или 6-годишно девојче“, тврди тој во интервјуто.

Азамат Улдаров наведува и дека го „исчистил“ подрумот каде имало од 300 до 400 цивили, од кои 40 биле деца. Според него, станувало збор за зграда од девет ката. Тој додал дека „немал избор“ и дека му било наредено да се ослободи од сите.

Јас ја извршив наредбата со мојата рака, ги убив децата. Разбирате, по наредба. Факт е дека ни беше наредено да истребиме и убиеме сè… Отидовме и убивме сè – жени, мажи, пензионери и деца, конкретно и тоа мало девојче“, објаснува тој.

Според затворениците на Вагнер, наредбата да се исчисти Бахмут дошла директно од Евгениј Пригожин. Тој наредил, како што се наведува, да не се поштеди никој – ниту постарите, ниту децата, туку сите да бидат убиени. Азамат Улдаров вели дека во Соледар било уште полошо. Според него, ова се случило во март годинава.

Жителите мирно излегоа надвор. А наредбата беше: Сите на возраст од 15 години веднаш да бидат убиение. Застрелани се 20 до 24 лица, од кои десет 15-годишни и 17-годишни, постари тинејџери“, раскажува Алексеј Савичев во интервјуто.

На прашањето колку невооружени цивили убиле во февруари оваа година, Алексеј Савичев одговорил дека не може да даде конкретна бројка, но многу.

И двајцата поранешни команданти на единиците на групата Вагнер изјавиле дека Евгениј Пригожин лично издавал криминални наредби за егзекуција на луѓе, одобрувајќи терористички методи и бруталност.

Еден од нив раскажал и дека во една прилика членовите на платеничката група се опијаниле и заробиле 15 „кадировци“ (борци на чеченскиот водач Рамзан Кадиров) затоа што не сакале да се борат со нив. Алексеј Савичев тврди дека на борците на Вагнер им се закануваат со смрт доколку разговараат со новинари.

Евгениј Пригожин

Азамат Улдаров наведува дека членовите на групата Вагнер не земаат заробеници и вежбаат да убиваат украински војници: „Најчесто со нож. Го пресекуваме грлото. Го снимаме тоа. А кога еднаш Пригожин кажа ‘чекан’, зедовме чекан и убивме човек со чекан. Тоа е неговиот метод. Тој е ужасен човек“, сведочи тој.

Тој изјавил и дека сака да се врати на фронтот и да ја продолжи борбата. Ниту еден од двајцата Вагнери не кажал дека им е жал за нивните злосторства извршени во Украина. Исто така, овие двјаца борци за време на интервјуто биле цело време пијани.

Целото видео снимено од Gulagu.net трае 77 минути, но на социјалните мрежи се појавија само пократки видео клипови. На социјалната мрежа Твитер се појави видео-снимка што ја објави советникот на министерот за внатрешни работи на УкраинаАнтон Герашченко.

Инаку, благодарение на организацијата Gulagu.net, рускиот воен персонал и припадниците на безбедносните сили се „покајаа“ за злосторствата извршени во Украина.