Една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата се соочува со развод откако неговата сопруга го фатила на дело како влегува непозната жена во нивниот семеен дом, пренесува MailOnline.
Шокантниот момент е фатен на Ring Cam, а откритието дојде откако изневерената сопруга, која во тој момент била на одмор со децата, добила порака на Инстаграм со фотографија од нејзиниот сопруг во брачен кревет со друга жена: „Спиев со твојот сопруг“.
Извор близок до парот откри дека сопругата била целосно шокирана и скршена кога ја прегледала снимката од Ring Cam и го видела сопругот како се враќа дома со мистериозната жена. “Ништо не може да ве подготви за вакво нешто“, рекол изворот. Иако фудбалерот, кој играше и на Европското првенство во Германија, се обиде да ја убеди дека сликата што ја доби е лажна, сопругата реши да ја провери снимката од камерата која ги потврди нејзините најголеми сомнежи.
Овој скандал набрзо се прошири меѓу фудбалерите, а некои од соиграчите почнаа да го нарекуваат „Ринго“ зад грб, алудирајќи на начинот на кој е откриено неговото изневерување. Сите играчи знаеја за тоа, како и нивните семејства, бидејќи за тоа се зборуваше во Германија“. Сепак, ова не е шега, бидејќи предизвика распад на семејство“, додал изворот.
Откако ја добила пораката на Инстаграм, сопругата веднаш стапила во контакт со сопругот, но тој остро негираше дека сторил нешто лошо, тврдејќи дека фотографијата е лажна. Меѓутоа, кога се вратила дома и ја прегледала снимката, открила непобитен доказ за неговата измама. На видеото ја препознала жената со која бил нејзиниот сопруг во нивниот дом, што ја потврдило автентичноста на фотографијата што ја добила претходно.
“Тие беа многу среќни во брак со години. Таа е една од најпознатите сопруги на фудбалери, а тој е едно од најпрепознатливите лица во Премиер лигата. Шокантно е како заврши нивниот брак“, заклучува изворот.
Овој случај потсетува на познатиот скандал помеѓу Колин Руни и Ребека Варди, познат како „Вагата Кристи“, кога Колин ја обвини Ребека за протекување информации до медиумите, што доведе до судење и губење на тужбата за клевета од страна на Варди.