СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА – На омилената дестинација за одмор на Македонците откриен сопственик на хотел кој имал скриени камери во собите! Ги снимал гостите во најинтимните моменти !?
Вистинска врева настанала во соседна Грција откако било откриено дека сопственик на хотел на едно од омилените места на Македонците за одмор, Халкидики, постивил скриени камери во хотелските соби.
Грчките медиуми јавуваат дека настанала вистинска тревога кај туристите кога било откриено дека сопственикот поставил скриени камери во собите и незаконски ги следел и снимал своите гости. Истрагата на грчката полиција е покрената по пријава на млад пар кој на крајот на септември 2022 година нашол скриена камера во нивната соба за време на нивниот одмор.
Полицијата соопштила дека при истрагата било утврдено дека сопственикот на хотелот (34 г.) во населбата Атито во Касандра снимал и следел 27 лица, од кои огромно мнозинство се грчки и странски туристи. Против сопственикот е поднесена пријава, која ќе биде проследена до првостепеното обвинителство на Халкидики за прекршување на законот за лични податоци и приватност на телефонските комуникации и усните разговори.
Во соопштението се наведува дека при претресот на просториите на туристичкото сместување, пронајдени се шест камери скриени во лажни полначи за мобилни телефони, осум мемориски картички, рекордер за надворешен затворен надзор, единица за дигитално складирање податоци и пренослив електронски компјутер, а пронајден и одземен е и таблет уред и мобилен телефон, објавува грчкиот веб-портал tvks.gr.
Татко на 4-годишното момче зборувал за медиумите и опишал што доживеал минатото лето во хотелот со семејството и што му поминало низ мислите кога ја открил камерата.
„Му менувавме пелена на детето. Со часови беше гол во собата и воопшто не е пријатно да се знае дека некој го снимил и може да го користи секаде на Интернет истото“, рекол таткото на детето за грчките медиуми.
На масичката покрај нивниот кревет, црн уред, кој наликувал на полнач за мобилен телефон со USB приклучок, ги снимил нивните приватни моменти во собата во која престојувале на Халкидики.
„Изгледаше како некој вид полнач за телефон со USB приклучок. Не снимаше додека бевме во собата. Не знам каква камера е во тоа чудо или какви снимки може да направи и од кои агли. Мислам дека таа можеше да ја сними целата соба од тоа место“, рекол таткото.
Откриени се вкупно шест скриени камери кои снимале аудио и видео сигнали.
„Се сеќавам дека и реков на жена ми да не го полни телефонот на тоа чудо бидејќи имавме свои полначи. Во ѕидот имаше и USB приклучок, па не го ни допревме тоа црно чудо. Сега знам само дека таму имаше камера“, вели таткото.
Тој додава дека првичните впечатоци од сместувањето биле одлични и дека на крајот на одморот му се заблагодарил на хотелиерот кој сега е обвинет.
„Сместувањето е на ниво на хотел со пет ѕвезди. Внатре имаше сеф, машина за кафе, клима, убаво WC… Беше многу добро и сопственикот што го сретнавме ни даде попуст за кафуле во центарот на областа. Јас лично му честитав затоа што бев воодушевен од работата што ја работеше и се беше по многу поволна цена“, изјавил таткото.
Грчките медиуми наведуваат и дека полицијата прв пат дознала за бизарниот случај кога сопственичката била пријавена од поранешна работничка која престојувала со своето момче во една од собите. Сопственикот на сместувањето и понудил соба бесплатно за да и се заблагодари за успешната сезона во барот.
Целата работа била откриена кога нејзиниот партнер, кој се занимавал со електроника, го видел уредот на еден од приклучоците во собата и сфатил дека се работи за скриена камера, пишува Hellas. Тие сфатиле дека уредот е вклучен и постојано ги снима. Излегле од собата и со скриената камера што ја нашле отишле во полициска станица и пријавиле се. Од снимките досега се идентификувани 13 лица.