Огромен скандал се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес.
Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари, објави порталот курир.мк Како што пишува во објавата, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови.
Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале. Според информациите на курир.мк, за воспитувачката е покрената дисциплинска постапка. Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.
Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев. Во текстот е наведено дека родителите ќе ја тужат и воспитувачката и градинката.
Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.