Скандал во Долниот дом на британскиот парламент: Звуци од интимeн однос речиси протекоа за време на говорот на премиерот
Несоодветни звуци од секс се откриени во меморијата на телефон кој бил тајно внесен и скриен во Долниот дом на британскиот парламент со цел да се меша во говорот на премиерот Кир Стармер во одреден момент , објавија денес британските медиуми.
Покрената е истрага за тоа како телефонот влегол во британскиот парламент и како бил поставен во близина на местото од каде што британскиот премиер одговара на прашања од пратениците, бидејќи, според надлежните служби, тоа е сериозно нарушување на парламентарната безбедност, објавува лондонскиот дневен весник „Тајмс“.
Телефонот бил поставен во близина на предните клупи и требало да се активира и да пушта сексуално експлицитни аудио содржини додека британскиот премиер Кир Стармер одговарал на прашања од опозициската конзервативна пратеничка Ками Баденок.
Сепак, телефонот бил пронајден за време на рутинска инспекција пред одговорите на премиерот, а прегледот на снимките од безбедносните камери не открил јасни докази за тоа кој го поставил телефонот и кога.
„Изгледа како да беше само шега, но можеше да биде многу полошо, на пример некаков вид експлозивна направа. Не знаеме како телефонот се нашол таму“, изјави неименуван член на британската безбедносна служба.