СКАНДАЛ ВО ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ МЕТРОПОЛИ – Градоначалникот сексуално злоставувал колешка !?

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, е обвинет за сексуална злоупотреба, објавија во петокот американските медиуми.

Според судските документи, неименувана жена го обвинила Ерик Адамс за сексуален напад во 1993 година, кога и двајцата работеле за градските служби. Ерик Адамс во тоа време бил полицаец.

Ерик Адамс

Тужителот бил сексуално нападнат од обвинетиот Ерик Адамс во Њујорк во 1993 година додека двајцата работеле за градот Њујорк“, се наведува во правното поднесување на три страници што го објавија американските медиуми.

Неименуваната жена од Ерик Адамс бара отштета од пет милиони долари, како и адвокатски трошоци и камати. Правните документи исто така го обвинуваат Ерик Адамс за дискриминација при вработување врз основа на пол и раса, непријателска работна средина и намерно предизвикување емоционална вознемиреност.

Ерик Адамс ги негираше обвинувањата, велејќи дека „тоа не е тој“ и дека „луѓето го знаат неговиот карактер“. 

Тоа апсолутно не се случи. Не се сеќавам дека некогаш сум ја сретнал таа личност“, изјави Ерик Адамс на новинарите и додал: „Никогаш не би повредил никого на тој начин. Тоа се нема случено“.