СКАНДАЛ ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ! Французин местел натпревари па доби драконска казна – три години надвор од терените, а еве колку пари ќе треба да плати
Францускиот тенисер Баптист Крепат е суспендиран на три години поради местење натпревари, соопшти денеска Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA).
Баптист Крепат (28 г.) бил вклучен во „местење на три натпревари“, се вели во соопштението на ITIA, истакнувајќи дека тенисерот ги оспорил обвинувањата, а тој исто така е казнет и со 15.000 долари.
Најдобриот пласман на Баптист Крепат на АТП листата беше во август 2019 година, кога беше рангиран на 276-то место на листата.
„Овој случај е последен во серијата истраги спроведени од ITIA во врска со истрагите на органите за спроведување на законот во Белгија, во кои голем број тенисери се вмешани во инциденти со местење натпревари“, соопшти агенцијата.
Во 2019 година, европската полициска агенција Европол соопшти дека идентификувала врски меѓу синдикати за местење натпревари во Шпанија и Белгија за кои се верува дека им се исплатиле на десетици играчи и дека ги корумпирале тениските турнири од пониско ниво.