Скандал во црквата Свети Петар во Рим: Гол маж се качи на олтарот, а на грбот му беше испишана оваа порака (фото)
Човек кој ја посетил базиликата Св.Петар во Рим се соблече и се качи на олтарот на таа црква, во чин за кој се претпоставува дека е протест против војната во Украина, изјави извор од Ватикан.
Мажот на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Истиот извор тврди дека тој имал знаци на самонанесени повреди по телото.
Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција.
Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата во четвртокот попладне.