СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ БРАЗИЛ! Новинар ГО ОБВИНИ Нејмар дека направил ЛУДА ЗАБАВА со ЖЕШКИ девојки на репрезентативен собир!

Фудбалската репрезентација на Бразил ремизираше со Венецуела (1:1) во квалификациите, а по натпреварот голем скандал ја потресе целата земја.

Познатиот бразилски новинар Матеус Балди на Твитер објави дека Нејмар по овој меч имал луда забава со жешки девојки, а завршил со инфлуенсерката Ребека Рибеиро.

– По натпреварот со Венецуела, нашето палаво момче Неј реши да направи забава во луксузен хотел во Кујаба. Некои девојки беа поканети да присуствуваат, но според старото правило дека мобилните телефони се собираат на влезот, се исклучуваат и се оставаат заклучени – напиша Матеус Балди, додавајќи:

– Во аудио клип кој кружи низ градот, една жена тврди дека Нејмар останал со Ребека Рибеиро, Винисиус Јуниор со Летиција Согиро, а Ричарлисон се сретнал со Рита Лопез. Некои луѓе тврдат дека вчера наутро ја виделе инфлуенсерката Летисија Согиро како излегува од хотелот во кој престојувал бразилскиот тим.

Ребека Рибеиро остро ги демантираше овие наводи и објави фотографија со Нејмар под која напиша:

– Уште еден обичен ден со брат ми.

Самиот Нејмар не се огласи во оваа прилика, па што се случи по мечот со Венецуела ќе остане мистерија.