ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Загина познат возач! Тој со својот мотоцикл удрил во бетонски мост

Познатиот хрватски возач Јанко Микулиќ (33) загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Загреб.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Микулиќ загинал додека возел мотор во неделата наутро во градот Бушевац, недалеку од Велика Горица.

Микулиќ изгубил контрола над моторот во кривина, слетал во канал, а потоа налетал на бетонски мост.

На несреќниот маж му била укажана лекарска помош во болницата Дубрава, но тој од здобиените повреди починал.

Јанко Микулиќ инаку беше познат возач на улични трки, а од него се простија ФК Полет Бушевец каде што беше во управниот одбор на клубот и Автоклуб Запрешиќ.