Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс, симбол на долговечност и успех во НБА , се најде во центарот на скандал откако поранешниот кошаркар Џеф Тиг изнесе обвинувања дека користел хормон за раст за да го забрза закрепнувањето.
Тиг тврди дека Џејмс избегнал допинг тест поради наводна повреда на грбот и дека се вратил на теренот „чист“ дури по неколку недели пауза.
– Користеше стероиди, брате. Поради ова, беше принуден да се крие некое време. Кога го тестираа за хормон за раст, рече дека го боли грбот. Направи пауза од три недели, а потоа се врати „чист“ како ништо да не се случило, изјави Тиг за подкастот „Club520“.