СКАНДАЛ – Мега-ѕвездата на ПСЖ затворил ноќен клуб пред реванш натпреварот со Баерн Минхен: “Излезе пијан во 06:00 часот наутро а беше во стартните 11!“

Приказните за промискуитетниот живот на фудбалските ѕвезди на ПСЖ добија ново продолжение. Францускиот новинар Ромен Молина, инаку познат по својата истражувачка работа како дел од Football Leaks, пишува дека клубот не може да ги контролира фудбалерите што добро ги плаќа.

Молина, всушност, тврдеше дека играч на ПСЖ „затворил“ ноќен клуб на само два дена пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн во Минхен, во кој Парижаните загубија од Баварците. Според него, тренерот Кристоф Галтие знаел за тоа, но сепак не го санкционирал тој играч.

Кристоф Галтиер

Фудбалерот кој беше стартер на „Алијанц Арена“ беше пијан во понеделникот наутро кога го напушти ноќниот клуб во 06:00 часот наутро“, открива Молина.

Француските медиуми сега шпекулираат кој е тој што го дочекал утрото. Како можен виновник го отпишаа Лео Меси, кој води мирен семеен живот, но и Нејмар, кој не играше ниту во Минхен бидејќи тогаш беше на операција во Катар.

Соблекувалната на ПСЖ е поделена на кланови, но играчите барем се обединети во рушењето на авторитетот на тренерот ГалтиеМолина, всушност, пишува дека со потсмев го нарекуваат „учител“.