ДРАМА ВО ТУЗЛА: Се запалил автобус полн со првачиња, децата тргнале на екскурзија

Утрово се запали автобусот во кој децата од основното училиште „Брчанска Малта“ во Тузла оделе на екскурзија.

„Во 08:40 часот во Полициската станица исток е пријавено за запален автобус кој се наоѓал на улицата Армија на Република Босна и Херцеговина“, известиле од Оперативниот центар на МУП на кантонот Тузла, пренесува Независне новине.

Оттаму додаваат дека полициски службеници излегле на лице место и ги презеле потребните мерки и дејствија.

„Немаше никаква закана за безбедноста на другите лица, децата не беа загрозени“, додаваат од МУП на кантонот Тузла.

Станувало збор за екскурзија на првачињата .

За среќа на возилото е направена само материјална штета.