Скандал на Австралија Опен! Навивачите брутално го навредуваа тенисерот за време на мечот, тој откри сè: Вакво нешто не сум доживеал
Британскиот тенисер Џек Дрејпер откри дека поминал низ пекол на мечот против Танасис Кокинакис.
Мечот од второто коло заврши во пет сета по повеќе од четири и пол часа игра, а Дрејпер се пласираше во третото коло откако заостана со 2:1 во сетови.
По мечот тој откри дека за време на мечот трпел навреди од трибините од навивачи кои претерале со поддршката за локалниот тенисер.
– Никогаш не сум доживеал вакво нешто – рече 18 годишниот тенисер во светот и додаде:
– Неверојатно наелектризирана атмосфера, многу ме навредуваа меѓу сервиси и слично. Не сакав да им возвратам за да не ги разгорувам уште повеќе, но ми дадоа енергија да го издржам сето тоа.
Британецот истакна дека атмосферата била прифатлива во моментите кога Кокинакис имал предност.
-Ми кажуваа секакви работи. Не сакам да се повторувам, но можете да замислите. Ја преминаа границата, свирежите меѓу сервисите, зборувањето, фрлањето, тешко е кога ќе сервирате. Мислам дека ова е најлошото навивање што сум го доживеал. Луѓето велат дека нема ништо полошо од Дејвис купот во Аргентина, но и ова не е лесно.
Дрејпер во третото коло ќе игра против Александар Вукиќ, уште еден тенисер кој ја претставува Австралија.