Скандал на генералната проба пред финалето: Водителката го бојкотираше Израел, директорот итно реагираше
На генералната проба пред големото финале на Евровизија, кое ќе се одржи вечерва во 21:00 часот, дојде до скандал со водителката која одби да каже „Израел“.
Имено, при симулацијата на гласањето, кога влезе водителката од Финска, која според правилото требаше да прочита 12 точки и да му ги додели, како што беше речено, на Израел, дојде до промена и исклучување од програмата.
Водителката од Финска одби да каже „Израел“, а наместо договорениот план рече: „На Ирска и’ даваме 12 поени“.
Домаќинот во арената во Малме потоа праша: „Молам?”
– Не те слушаме добро, можеш ли повторно?, рече таа.
Водителката од Финска повторно порача: „Ирска“.
После тоа, програмата беше затворена, а потоа зборуваше директорот на ЕБУ.
– Добро е што ги имаме овие проби. Според денешната симулација, 12 бода треба да му припаднат на Израел, рече тој.