Биографскиот филм за Мајкл Џексон во режија на Антоан Фуква се соочува со сериозни проблеми
Премиерата на филмот, која беше закажана за октомври, сега е под голем прашалник поради шокантното откритие.
Неодамна беше откриено дека наследниците на Џексон склучиле тајна спогодба со семејството на Џордан Чендлер, кое тврдеше дека тој бил злоставуван од поп-ѕвездата. Овој договор забранува кој било дел од неговата приказна да се користи во филмски адаптации, што сега стана огромна пречка за филмот.
Филмот, во кој внукот на Џексон, Џафар Џексон го портретира легендарниот пејач, ќе мора да претрпи големи промени бидејќи клучните делови од сценариото, кои се занимаваа со контроверзната тема, сега се неупотребливи.
Тоа значи дека голем дел од филмот треба да се преработи, а сцените со приватниот живот на Џексон треба да се преснимат. Овој скандал може да ја одложи премиерата и да предизвика сериозни проблеми за целиот проект.
Иако студиото „Лајонсгејт“ се уште молчи, два извори го потврдија постоењето на овој договор, што може да значи големи промени во начинот на кој ќе биде претставена легендата на Мајкл Џексон. Имајќи предвид дека филмот е базиран на неговата трагична и контроверзна животна приказна, ова откритие би можело да го разниша целиот концепт на филмот.
Режисерот Антоан Фукуа претходно изјави дека снимањето на филмот за Џексон било „огромно“, но сега прашање е дали овој кикс со правни договори ќе ги уништи сите амбиции да ја раскаже неговата приказна на големото платно.
Во продолжение можете да го погледнете трејлерот за филмот: