Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит се претвори во вистинска холивудска драма полна со скандали и конфликти. Нивната борба за деца и имот трае со години, а нови детали извлекуваат на виделина уште потемни тајни и обвинувања.
Бред Пит и Анџелина Џоли се венчаа во 2014 година на тајна церемонија во имотот Шато Миравал во Франција, по долгогодишна врска која го привлече вниманието на целата јавност. Сепак, тие веќе поднесоа барање за развод во 2016 година, а оттогаш нивната врска станува сè потурбулентна, со бројни конфликти кои ескалираа во низа скандали и правни битки.
Итна интервенција поради семејно насилство
Сè започна уште во 2016 година кога вистинска драма избувна за време на семеен лет од Франција до Калифорнија. Анџелина го обвини Бред за напад врз нивните деца.
Бред наводно го задавил едниот син, а другиот го удрил во лицето, додека ја поливал со пиво и ја туркал кон ѕидот од тоалетот. Сцената била вистински кошмар, што предизвикало итна полициска истрага. Иако никогаш не биле поднесени кривични пријави, обвинувањата длабоко го потресле славното семејство.

Војна за старателство
По инцидентот следеше развод во 2016 година и битка за старателство над нивните деца. Анџелина и Бред постојано разменуваа остри зборови и обвинувања јавно и приватно.
Секоја нивна средба во судницата беше исполнета со тензија, а медиумите внимателно ја следеа секоја нова афера. Тие официјално се разведоа во 2019 година, иако сè уште често се наоѓаат на суд поради бројните тужби и контратужби што следеа.
Ќерката го отфрли презимето на нејзиниот татко
Нивната ќерка Шајло одлучи да го отстрани презимето „Пит“ и да го користи само презимето на нејзината мајка „Џоли“. Откако наполни 18 години, официјално го промени своето име, што силно го погоди Бред.
Другите деца исто така го користат само презимето на нивната мајка, што јасно укажува на големи проблеми во семејството.
Продажбата на имотот што го налути Бред Пит
Во 2021 година, без согласност на Бред, Анџелина го продаде својот дел од вредниот имот и лозје „Шато Миравал“ во Франција на рускиот милијардер Јури Шефлер. Бред ја обвини својата поранешна сопруга за предавство и прекршување на договорот.
Барање за приватни пораки
Најновиот пресврт во оваа холивудска војна се случи кога Бред побара пристап до приватните пораки на Анџела бидејќи верува дека тие содржат важни комуникации. Поточно, тој сака да ја види преписката со Алексеј Олијник, претставник на компанијата што купи дел од имотот, но одбива да учествува во судската постапка во Калифорнија, тврдејќи дека е швајцарски државјанин.

Јавноста ширум светот со нетрпение го следи секој пресврт во овој случај, а ние ќе ве известуваме за сите нови шокантни детали што допрва доаѓаат.