СКАПАТА ЈАХТА УКРАДЕНА ОД ЈАДРАНОТ ПРОНАЈДЕНА НА ДРУГИОТ КРАЈ НА СВЕТОТ – Ја изнајмиле со лажни пасоши, а потоа им се губи секаква трага
На другиот крај на светот е пронајдена скапата јахта „Hanse 588“ која летово беше украдена во Хрватска.
Јахтата, која две двојки ја изнајмиле во Хрватска на 8. јули, била пронајдена кај Бразил по повеќе од четири месеци потрага. Во тек е истрага каде била цело време и како завршила толку далеку од Јадранското Море.
Компанијата Mischief sailing им се заблагодари на сите морнари кои помогнаа во потрагата.
„Се беше решено со помош на социјалните мрежи и острото око на будните морнари кои ја забележаа јахтата. Никогаш не можеме доволно да им се заблагодариме за нивната решеност да се погрижат властите да ја истражат јахтата за која мислеа дека е нивна и што нè ставија во контакт со вистинските луѓе кои би можеле да помогнат во следните чекори за да ја вратат. На сите вас, знаете кои сте, ви упатуваме голема благодарност“, се наведува во соопштението на компанијата.
Два пара, да потсетиме, изнајмиле јахта во Хрватска на 8. јули, а им се изгубила секаква трага вечерта на 14. јули кога го исклучиле уредот за следење. Тие потоа биле видени во близина на Грција од каде им се губи трагата.
Менаџерот на компанијата претходно изјави дека при изнајмување на јахтата биле користени лажни пасоши.
„Им изнајмив јахта на 8 јули во Хрватска. Станува збор за два парови кои ангажирале и капитен. Тие се упатија кон островот Корчула, каде вечерта на 14. јули го симнаа капитенот и го исклучија уредот за следење и оттогаш им се губи секаква трага“, рекол менаџерот кога јахтата исчезнала.