Скопските градоначалници најавија кривична против Арсовска

Сметот ги мобилизира градоначалниците од скопскиот плански регион. Свикаа совет и напишаа четири точки. Бараат решение од Градските власти за состојбата во која се најде метрополата во рок од 48 часа. Го повикаа Советот на градот Скопје да ја разгледа ситуацијата на вонредна седница на која ќе се направи анализа на причините и последиците од нефункционирање на „Комунална хигиена“ и „Дрисла“. Градоначалниците предлагаат секоја општина да има свое претпријатие кое ќе се грижи за хигиената, но и распределба на буџетските пари. Советот на скопскиот плански регион бара од Владата итно да вклучи во санирање, како што велат на оваа елементарна непогода.

Состојбата да не се политизира. Ова е интерес за сите граѓаните, за нивното здравјето, рекоа градоначалниците. Бараат директорот на „Дрисла“ да ги отвори рампите и да се дозволи камионите да го одлагаат сметот.

Се пожалија дека градоначалничката на Град Скопје не ги удостоила со средба, затоа преку медиумите апелираа што побрзо да ја реши новонастаната состојба со сметот.