Утринава во Скопје алармантно е загаден воздух, бидејќи главниот град е рангиран како четврт најзагаден град во Европа.
Според податоците од специјализираната страница IQAir, индексот на квалитет на воздухот во Скопје изнесува 154, што го сместува градот меѓу најзагадените на континентот.
На светско ниво, листата на најзагадени градови ја предводат Делхи, Дака, Сараево, Калкута и Вухан.
Експертите предупредуваат дека високите концентрации на загадувачки честички, особено во зимските месеци, имаат сериозни последици по здравјето на граѓаните. Главни причини за ваквото загадување се зголемената употреба на горива и грејни тела.