Еден милион денари планираше градот Скопје за финансиска поддршка на занаетчиите кои се пред изумирање.
„Во согласност со Програмата за активности од областа на локалниот економски развој на Град Скопје за 2023 година, од Буџетот на Град Скопје се одобрени средства во износ од 1.000.000,00 денари“, соопштија од општина Скопје.
Од градот Скопје појаснуваат дека за поддршка на занаетчиските дејности кои секојдневно се користат ќе има финансиска поддршка од 10 илјади денари.
Финансиска поддршка нема да добијат субјектите кои годинава добија веќе добија финансиска поддршка од општините, за што мора да потпишат и изјава. Декларацијата заедно со останатите четири документи презентирани во Конкурсот мора да се испрати до Комисијата. Конкурсот ќе биде отворен до 1 декември.