Скопје испрати барање до Турција за екстрадиција на Палевски: Еве колку може да трае процесот!

Со потпишување на барањето за екстрадиција на Палевски започна екстрадиционата постапка, а денеска документот беше испратен откако беше преведен на турски.

Министерството за правда на РСМ испрати барање за екстрадиција на првоосомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес, Љупчо Палевски, кој по дипломатски пат ќе биде доставен до турските власти преку македонското Министерство за надворешни работи.

Оригиналниот документ е испратен од ДХЛ до турското Министерство за правда, а скенираната верзија е испратена до Интерпол.

Македонскиот министер за правда вчера го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски и рече дека очекува соработка со правосудните органи на Турција, нивна навремена обработка и постапување во најкус можен рок.

Со потпишување на барањето за екстрадиција на Палевски започна екстрадиционата постапка, а денеска документот беше испратен откако беше преведен на турски.

Правните експерти толкуваат дека постапката за екстрадиција е повеќеслојна и може да трае од три месеци до една година.