Скопје денеска со повеќе активности ќе ја одбележи 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.
На 26 јули 1963 година во 05:17 часот во Скопје се случил катастрофален земјотрес со дополнителни помали потреси до 05:43 часот. Во оваа прилика уништени се 15.800 домови, а оштетени се 28.000. Над 200.000 останаа без покрив над главата.
По трагедијата во Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите организации да организираат храна за децата од Скопје. Меѓупарламентарниот сојуз испрати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во закрепнувањето на градот. Хуманитарните организации во многу земји почнаа да собираат помош за Скопје.
Обединетите нации презедоа долгорочни активности за помош за разурнатиот град.
На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да ја стави на дневен ред на состанокот точката за преземање мерки во случај на земјотрес во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание даде приоритет на акцијата за меѓународна помош за Скопје.
Генералното собрание на Обединетите нации на 14 октомври едногласно ја одобри резолуцијата за помош на југословенската влада при обновата на Скопје, каде што изрази жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за помошта за Скопје, Генералното собрание ги слушаше говорите на претставници на над 20 земји од сите континенти. Овој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.
Со повеќе активности денеска ќе биде одбележана шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Меѓу другото, пред споменикот на жртви од земјотресот на гробиштата Бутил.