Судскиот совет денеска именуваше шест нови судии во Основниот граѓански и кривичен суд во Скопје од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Свечена изјава за Основниот граѓански суд Скопје денеска во Судскиот совет потпишаа судиите Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоска.
Лилјана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска се избрани за судии во Основниот кривичен суд Скопје.