Скопје следната година домаќин на Европски шампионат за пингпонгари до 21 година

Пингпонгарска федерација на Македонија во јануари следната година ќе организира Европски шампионат во категорија до 21 година. Со тоа, Скопје повторно ќе биде домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии „WTT Youth Star Contender Skopje 2023“.

– Претседателот на федерацијата Горан Тиловски е во Малме, Шведска на годишен конгрес на Европската пинг понг фдерација (ЕТТУ), каде што се одржува и Европското тимско првенство, на која се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје. Ова е прв шампионат од вакви размери кој се организира во Македонија, соопштија од пингпонгарската федерација.

При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација