Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа

Скопје утрово се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа според платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот во реално време.

Со индекс на квалитет на воздухот од 154, загадениот воздух во Скопје во моментов е штетен по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е забележан само во Краков, Полска.

Од Европа на најлошите први позиции беа и Приштина, Варшава и Сараево.

Во светски рамки, Скопје моментално е 10-ти најзагаден град во светот. Првиот е Делхи во Индија.