По прелиминарната истрага, Основното обвинителство Скопје соопштува дека поднело обвинителен акт против 28-годишник за убиството на неговата баба.
Обвинителството бара и од судот на 28-годишниот скопјанец да му биде продолжен притворот.
„На 18 јануари при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, пријавениот намерно и го одзел животот на својата баба. Додека жртвата јадела, ја нападнал, почнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задавил“, се наведува меѓу другото во соопштението на Обвинителството.