Скоро 23% од населението во Република Македонија во 2022 година било сиромашно

Во текот на 2022 година, стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија изнесуваше 22,9%.

Државниот завод за статистика ги пресмета показателите за сиромаштијата за 2022 година врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, која беше спроведена според препораките на Европската Унија.

Основата за пресметките на сиромаштијата е приходот, додека прагот на сиромаштија е дефиниран на 60% од просечниот еквивалентен приход.

Во текот на 2022 година, стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија изнесува 22,9%.

Анализирано по тип на домаќинство, стапката на сиромаштија кај домаќинствата составени од двајца возрасни и две деца во текот на 2022 година изнесува 27,2%. Според статусот на најфреквентна економска активност, стапката на сиромаштија кај вработените лица е 8,9%, додека стапката на сиромаштија кај пензионерите е 9,9%.

Коефициентот (мерка за нееднаква распределба на приходите) е 29,8%.