СКРШЕНОТО СРЦЕ НА АКТЕРКАТА – Откриено досега невидено интервју: Анистон не можела да престане да плаче кога дознала дека Бред чека дете со Џоли

Кога го заврши снимањето на хит серијата „Friends“ во 2004 година, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека сака да основа семејство со својот сопруг Бред Пит, но наместо да се радува на мајчинството, 54-годишната актерка тогаш доживеа голема тага поради колапсот на нејзиниот брак. 

Во времето кога ги глумеше последните и многу емотивни сцени од култната серија, нејзиниот сопруг Бред беше на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“ со Анџелина Џоли. Двојката подоцна призна дека се заљубиле на снимањето, а во јануари 2005 година Бред и Џенифер објавија дека се разделуваат.

Во едно неодамна откриено интервју за магазинот Vanity Fair во септември истата година, тогаш на 36-годишната Анистон и се „скршило“ срцето кога репортер и ги кажал гласините дека Анџелина е веќе бремена, два месеци пред да биде финализиран разводот помеѓу Бред и Џенифер. Новинарката го опишала моментот како актерката изгледала како некој да ја прободел точно во срцето и тивко плачела неколку минути, не можејќи да ги задржи солзите, пред да климне со главата бидејќи била премногу повредена за да одговори на прашањето.

Бред Пит и Анџелина Џоли за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith

Запрашана дали верува во гласините дека Бред и Анџелина имале вистинска врска, Џенифер кажала дека донела свесна одлука да му поверува на Бред, но додала: „Во овој момент не би ме изненадило, но повеќе би сакала да му верувам“. Како што тогаш рекоа заедничките пријатели на парот, Бред сакал да открие што сака од животот како самец, а ја уверил Џенифер дека „не се работи за друга жена“. Сепак, нејзината самодоверба беше разнишана кога се појавија фотографии на кои Бред си игра со синот на АнџелинаМедокс во Африка кон крајот на април во таа кобна 2005 година.

Би била робот ако кажам дека нема моменти кога чувствував лутина, повреденост и срам. Не знам што се случи. Има многу што не разбирам, многу што разбирам, знам и дека никогаш вистински нема да знам. Морам да размислувам така бидејќи во спротивно сето тоа е само сурово“, изјавила Анистон.

И Бред и Анџелина отсекогаш негирале некаква романтична врска додека тој сè уште бил во врска со Џенифер. И покрај нејзиниот очај, Џенифер истакна дека е „среќна што го доживеала бракот со Бред“ и тврди дека – „ќе го сакам до крајот на мојот живот“.