СЛАБА НА ИНСТАГРАМ, ВО РЕАЛНОСТА… Адријана Лима ја осудуваат за ФОТОШОПИРАЊЕ! На поранешната српска снаа и замеруваат само за ЕДНО

Една од најуспешните манекенки на денешницата, Бразилката Адријана Лима , со години ја носи титулата за најубава жена на светот. 42-годишната убавица, која е и поранешна сопруга на нашиот познат кошаркар Марко Јариќ , ги освои срцата на јавноста со својата природна убавина и тело на божица од моментот кога се појави на модните писти, а потоа на еден момент се пензионирала и повеќе се посветила на семејниот живот.

Сега таа го најави своето враќање во светот на модата. Имено, во моментов се прикажува новиот документарен филм „Victoria’s Secret: The Tour“ , кој ќе даде нова перспектива на легендарното шоу. Фокусот е на славење на различностите и прифаќање на жени од сите облици, раси и етнички припадности. Во трејлерот за шоуто ја видовме и Адријана која порано блескаше и ја запали модната писта на споменатиот настан.

Адријана Лима

Многумина забележаа дека таа се променила, а освен фигурата која логично не може да биде иста како пред бременоста, често можеме да прочитаме дека направила нешто со лицето. Некои заклучиле дека и таа потпаднала под влијание на корекции и задржување на вечната младост, други дека тоа е само последица на бременоста и вишокот килограми во текот на истата.

Таа неодамна објави фотографии од фестивалот во Венеција кои ги воодушевија нејзините фанови. Лима изгледаше божествено, а нејзината витка линија ги изненади луѓето кои беа изненадени од нејзиното брзо слабеење. Но, на корисниците на социјалните мрежи не им требаше многу време да забележат дека се работи за добра поза и фотошоп.

Коментарите продолжуваат да се слеваат, а многумина ја осудуваат Адријана дека претерала со апликациите за убавина. Како и да е, со и без неа, Адријана и понатаму е една од најубавите жени на сите времиња.