Откако стана вирална вознемирувачката снимка од егзекуцијата на украинскиот војник затоа што одбил да ја послуша руската армија, откриен е неговиот идентитет. Станува збор за 40-годишниот Тимофиј Шадура кој на видеото го препознала неговата сестра, а тоа подоцна го потврдила и украинската армија.
„Мојот брат сигурно бил подготвен да им се спротивстави на Русите па затоа го убија” изјави за Би-Би-Си сестрата на убиениот војник.
Шадура бил опколен од руската војска во близина на Вухледар, град во провинцијата Доњецк а бил член на 30 бригада на Константин Острогски.
Војникот вчера бил опколен од руската војска и му наредиле да се предаде. Тој не ги послушач, туку продолжи да пука и извикувал „Слава на Украина“, кои биле неговите последни зборови.