Славески: Остана неодговорено прашањето што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје
Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември.
„Имаме еден феномен кој што од време на време се повторува и на централно ниво кога неспособни директори на институции дали се тоа од приватниот или јавниот сектор предводат штрајк на вработените или протест револт итн. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие кој што е поставен од градоначалникот Арсовска да ги решава таму проблемите да обезбедува плати наместо рационално да ги користи средствата тој повторно зачука на портите на Град Скопје, односно на буџетот на Град Скопје. Она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на Ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека плата вработените на ЈСП не земале за декември до денешниот ден. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, истакна Славески.
Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје.
„Како и да е мислам дека советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не се против поддршка на претпријатијата јавни не се против благосостојбата на вработените туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата кои што се задолжени за тоа“, нагласи Славески.
Славески додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија а тие тонат во загуби.
„Во моментот секој ден пристигнуваат барање за нови вработувања сега пред изборите и ако ги соберете од сите јавни претпријатија и установи има некаде околу 900 барања за нови вработувања. Она што ги иритира советниците е како може во исто време да барате нови вработувања, а тонете во загуби и барате покривања на загубите од страна на буџетот на Град Скопје кој што има и други намени“, посочи Славески.