СЛАВНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА УБАВИНАТА – Џенифер Анистон (54 г.) сподели четири правила за врвен изглед: “Една работа е најпредизвикувачка за мене!“

Џенифер Анистон откри како останува во таква импресивна форма во штотуку објавеното интервју што го даде за CR Fashion Book

Денес, 54-годишната ѕвезда од хит-серијата „Friends“ зборуваше за тоа како успева да изгледа дотерано и затегнато во своите 50-ти години и ги истакна своите четири главни правила по кои живее.

Пијам многу вода, вежбам секој ден, се трудам да јадам цела, свежа храна и спијам колку што можам повеќе“, сподели Џенифер Анистон

Според актерката, делот за спиење и е најпредизвикувачкиот, но свесна е дека е многу важен.

Можам да почуствувам кога не се одморам доволно. Со сето тоа, се трудам да бидам многу внимателна, и пазам што влијае на мојата глава“, рекла Џенифер Анистон.

Нашиот свет навистина минува низ некои предизвици и знам дека сите се грижиме многу, но понекогаш мислам дека е императив да ја исклучиме вревата“, додава таа. 

Што се однесува до вежбањето, таа користи Pvolve. Ова се тренинзи со мал удар кои користат специјализирана опрема за отпор и микро-движења дизајнирани од експерти за подобрување на силата, стабилноста и рамнотежата.

Навистина ми се допаѓа! Pvolve е уникатен пристап кон фитнесот кој несебично го споделувам со другите. Го напуштам секој тренинг полна со енергија и сила, но не и исцрпена. Ги охрабрувам луѓето да го пробаат и да се уверат сами. Без разлика на вашето ниво на кондиција, тоа е вежба каде што навистина можете да започнете таму каде што сте“, објаснила таа, како што пренесува Daily Mail.

Тренингот е помалку стресен, вели таа, и е мотивирана да вежба на начин каков што не вежбала со години.

Џенифер Анистон

Се радувам на предизвикувачки тренинзи и ќе се чувствувам посилно и поудобно во моето тело кога го правам тоа. Секој пат е различно, мислам дека не сум имала ист час два пати“, вели актерката. 

Таа зборуваше и за нејзината коса, која дефинитивно е една од најсилните адути на познатата актерка, откривајќи дека го користи брендот LolaVie.

Едноставно ми се допаѓа да имам убава коса“, заклучила Џенифер Анистон.