Маж познат како сериски силувач кој повеќе од 40 години поминал во затвор за тешки кривични дела, е уапсен во Нови Пазар, јавија локалните медиуми.
Тој во изминатиот месец предизвикал загриженост кај родителите во градот, бидејќи бил забележан како следи и снима девојчиња, а често им давал комплименти на улица.
Плашејќи се за безбедноста на своите деца, родителите го пријавиле сомнителното однесување во полиција, која започнала истрага и по прибирањето докази, вечерва го уапсила осомничениот.
Тој е задржан во 48-часовен притвор, а полицијата најави кривична пријава.