Следната година се очекува драстичен пад на цената на нафтата! Колку може да падне цената за барел: Трамп ги принудува американските компании да го зголемат производството (фото)

Аналитичарите на истражувачката компанија ОПИС сметаат дека цената на нафтата би можела да падне на 30 до 40 долари за барел во 2025 година доколку земјите од нафтениот картел ОПЕК се откажат од ограничувањата за производство на нафта.

Пазарниот удел на земјите од ОПЕК веќе значително падна во последните години, изјави аналитичарот на споменатата компанија Том Клоуз, а пренесува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Би-Си).

Според него, од таканаречената „арапска пролет“ во 2010 година, немало толку голема загриженост за цената на нафтата на пазарот.

shutterstock_337019153.jpg

Експертите забележуваат дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ги зголемува шансите за заострување на економските односи меѓу САД и Кина, што може да доведе и до пад на цената на нафтата.

Трамп во неколку наврати изјави дека американските компании треба да го зголемат производството за да ги намалат цените на енергијата, користејќи го добро познатиот републикански слоган „drill baby drill“.