СЛЕТУВАЊЕ НА ТЕМНАТА СТРАНА НА МЕСЕЧИНАТА: Кинеското летало Change 6 почна да собира примероци, а подоцна ќе ги носи на Земјата
Кинеската Национална вселенска администрација (CNSA) објави дека утринава кинеското летало Chang’e 6 успешно слета на темната страна на Месечината каде што треба да собира примероци и подоцна да ги врати на Земјата.
Кинеско вселенско летало ќе собира камења и други примероци во огромниот кратер познат како басенот Аиткен на Јужниот Пол, објави утринава официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа.
Леталото беше лансирано на 3 мај и неговата цел е да собере примероци од карпи и мека почва од тој дел на Месечината, за прв пат во историјата.
Може да има примероци од некои од најстарите карпи на Месечината од огромен кратер на нејзиниот Јужен Пол.
Мисијата е шеста во програмата за истражување на Месечината на Чанга, именувана по кинеската божица на месечината. Тоа е втора мисија што враќа примероци по мисијата Chang’e 5, која исто така зеде примероци од блиската страна на Месечината во 2020 година.
По лансирањето од центарот Венчанг, леталото Chang’e 6 ја обиколи Месечината чекајќи да слета. Лендерот потоа се одвоил од орбитерот за да слета на страната на Месечината свртена подалеку од Земјата.
Операцијата беше поддржана од сателитот Кеикао-2, соопшти кинеската вселенска агенција.
Во тековната мисија, лендерот ќе користи механичка рака за дупчење и собирање до два килограми материјал од површината и подповршината на Месечината за да се врати назад во капсулата што моментално орбитира околу Месечината.
Контејнерот за примероци треба да се врати на Земјата во пустините на Кина околу 25 јуни. Мисиите на темната страна на Месечината се потешки бидејќи тој дел не е свртен кон Земјата и бара сателит како реле за одржување на комуникациите.
Кинеските државни медиуми успешното слетување на Месечината го опишаа како „историски момент“.
Планирано е лендерот да потроши до три дена собирајќи материјал од површината во операција за која CNSA рече дека ќе вклучи многу инженерски иновации, високи ризици и големи тешкотии.
Месечината програма е дел од растечкото ривалство меѓу САД и другите земји, вклучувајќи ги Јапонија и Индија, во истражувањето на вселената. Кина стави своја вселенска станица во орбитата и редовно испраќа екипаж таму.
Кина планира да испрати човек на Месечината пред 2030 година, што ќе ја направи втора земја по САД што го прави тоа. Америка, исто така, планира повторно да испрати астронаути на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години, иако претходно оваа година, американската вселенска агенција НАСА го одложи тој датум до 2026 година.