СЛИЧНО НА АПОКАЛИПСА! ТОРНАДО ВО ЧИКАГО Сирени свиреа, луѓето бегаат по засолништа – повеќе од 10.000 граѓани останаа без струја

На социјалните мрежи кружат драматични снимки.

Националната метеоролошка служба на САД денеска соопшти дека повеќе торнада допреле во областа на Чикаго, вклучително и едно во близина на аеродромот О’Харе, што предизвикало прекин на воздушниот сообраќај.

Откажани се повеќе од 170 летови, додека повеќе од 500 се одложени, објави порталот „FlightAware“, пренесува АП.

На видеата кои ги објави локалната телевизија, може да се забележат голем број луѓе кои се засолнуваат во зградата на аеродромот.

Директорот за комуникации Кевин Барњес изјави дека на аеродромот не е забележана штета.

Во исто време, повеќе од 10.000 граѓани останаа без струја.

Помеѓу 1855 и 2021 година, забележани се 97 значајни торнада во метрополитенската област Чикаго.

Најсмртоносното торнадо го погоди Чикаго на 21 април 1967 година, кога загинаа 33 лица.