На Конгресот на Сојузот на синдикатите на Македонија одржан на 30.06.2023 година во работничкиот дом во Скопје, Делегатите, едногласно одлучија за претседстел на Сојузот на синдикатите на Македонија да го изберат Слободан Трендафилов .
Довербата која му ја дадоа повеќе од 2/3 од синдикатите членки на ССМ, членовите на органите и телата на синдикатите членки на ССМ како и Претседателството и Советот на ССМ, врз основа на претходно спроведена постапка, Конгресот ја потврди и едногласно го избра за Претседател на ССМ Слободан Трендафилов.
Конгресот почна со едноминутно молчење во знак на почит кон претходниот претседател на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, кој почина во првата половина на јуни годинава.
Во името на работниците, синдикалците, синдикатите и Сојузот на синдикатите на Македонија, во знак на почит, на неговото семејство беше предадена благодарница за долгогодишната синдикална активност и придонес за унапредување на синдикалното движење.
ССМ во изминатите денови беше исправен пред сериозен предизвик, во сложени услови да продолжи да ги извршува своите функции и да ги оствари програмските цели и определби.
Борбата за работнички права продолжува.