Слободата на печатот во Западен Балкан, Македонија е на 36. место

Сите земји од Западен Балкан се соочија со пад на слободата на печатот, освен Македонија, која е подобрена, рангирана на 36-то место.

Србија е рангирана на 98. место, најлошото рангирање во последните 22 години откако Репортери без граници почнаа да го објавуваат Светскиот индекс за слободата на печатот.

„Квалитетното и наградувано новинарство кое истражува криминал и корупција е фатено среде лажни вести и пропаганда кои не се контролираат. Иако законската рамка е силна, на новинарите им се закануваат политички притисоци и неказнивост за злосторствата извршени против нив“, се наведува во извештајот.

Македонија и Црна Гора се оценети како земји каде состојбата со слободата на печатот е „задоволителна“. Македонија има напредок од две места од лани.

Црна Гора е на 40. место, од 39. колку што беше пред неколку години.

Босна и Херцеговина е на 81. место, 17 места послабо од минатата година.