СЛОВАК НАЈАВИЛ УБИСТВО ИСТО КАКО МАСАКРОТ ВО ПРАГА! Итна реакција на полицијата – уапсен маж!

Словак најави убиство по моделот на масакрот во Прага.

Полицијата во Словачка соопшти дека уапсила маж кој се заканувал дека ќе изврши масакр сличен на оној што се случи во четвртокот во Прага . Се вели дека 64-годишникот бил приведен во северниот град Жилина откако се јавил на 911, тврдејќи дека имал намера да го направи „она што се случи во Прага“. Нему му се заканува максимална казна од две години затвор, јавува Би-Би-Си.

За потсетување, студентот Дејвид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Палах, при што уби 14 лица, а рани 25. Според полиција, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се самоубил. Се верува дека тој го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка .

Словачката полиција соопшти дека мажот се јавил на 911 истиот ден кога бил масакрот и рекол дека сака да земе пиштол за да изврши слично злосторство.

По повикот полицијата веднаш упаднала во неговиот стан и го привела.